Индијанците денес во 14:15 часот ја направија својата 4 победа по ред. Се одигра еден прекрасен пријателски натпревар помеѓу Индијанско Маало и Капиштец.
Првиот гол падна во уште во 3-та минута. Стрелец беше Кирил Чеботарев, откако од корнер ја смести топката во мрежата на противничкиот голман. Вториот гол падна во 15-та минута. Повторно стрелец беше Кирил Чеботарев, а асистент Иван Костевски. На полувреме резултатот остана ваков, 2:0 за Индијанците. Во второто полувреме проследивме 5 погодоци. Второто полуврме беше по интересно за следење од првото. Пет мунути по почетокот на второто полувреме падна еден атрактивен гол. Голот го постигнаа Капиштец и го намалија резултатот на 2:1. На само 4 минути подоцна беше досуден пенал откако Павел Караџов ненамерно ја удри топката со рака. Пеналот беше реализиран и резултатот беше изедначен. Се губеше веќе концентрацијата кај Индијанците, и нервозата беше се поголема. 4 минути по изедначувањето, Лука Кантарџиев постигна гол за повторно водство на Индијанско Маало. И на 2 минути по тој гол, истиот играч успеа да ја протне топката во противничкиот гол. Натпреварот од тогаш веќе беше решен. На само 6 минути до крајот Индијанците водеа со 2 разлика. Но на 2 минути пред крајот Лука Кантарџиев стави навистина точка на натпреаврот со еден прекрасен гол со глава на работ од шеснаесетникот по асистенцијата на Павел Караџов. Конечен резултат беше 5:2 за Индијанско Маало и со тоа Индијанците ја продолжија својата победничка серија.
Ф.К. "Индијанско Маало"
Saturday, June 4, 2011
Friday, June 3, 2011
Трансверите веќе започнаа !
Откако ‘‘Индијанците‘‘ го завшија својот последен натпревар од КУП 2 (на кој победија), добија наеднаш неколку понуди за некои ‘‘Индијанци‘‘. Јане Вељановски доби понуда од Кучкар, која беше реализирана за два дена. Јане Вељановски сега е нов член на Кучкар. Индијанците се збогуваа и му посакаа успешни сезони во Кучкар. Веднаш по тоа и Хари Зографски го напушти Индијанско Маало, само што тој потпиша за Дебар Маало. Буквалната приина зошто Хари го напушти Индијанско Маало е бидејќи беше заменет за резервен голман. Во Дебар Маало тој ќе игра како одбранбен играч. Но, покрај тоа што Индијанците ги дадоа своите голмани, земаа и двајца нови како замена за старите. Вања Илиески, кој го земаа Автокоманда, ќе им биде резервен голман и Кирил Зеленковски, кој го земаа како слободен агент, ќе им биде трет голман во тимот. На трансвер листата на Индијанците сеуште стојат: Марко Арсовски, Муамер Вишко и Панче Караџов.
Индијанците имаат уште еден играч на мета, Љупчо Ангеловски. За него ќе се дознае најмногу за две недели.
Индијанците имаат уште еден играч на мета, Љупчо Ангеловски. За него ќе се дознае најмногу за две недели.
Saturday, May 28, 2011
И конечно...ШАМПИОНИ !!!
Индијаците после победата над Карпош 3 во финалето во КУП 2, станаа најдоброто тим-маало во одредени делови од Скопје (најдобри во Центар). 
Натпреварот започна напнато, со многу напади, шутеви, но од сето тоа немаше никаква реализација. Се до 13-та мунута кога Алек им донесе водство на Карпош 3. Индијанците не се предадоа и продолжија силно понатаму. Во 17-та минута Индијаците конечно постигнаа гол за изедначување. Стрелец беше Антон. 2 минути подоцна Филип Стојкович направи пресврт со ЕВРОГОЛ. Но, Карпош 3 не се предадоа и изедначија на 1 минута пред самото полувреме.
Второто полувреме започна исто како и првото. Со многу шанси, но без реализација. Во 34-та минута Антон повторно постигна гол за водство на Индијаците. И неколку минути подоцна Чебо го запечати својот прв гол. Наредните 5 минути Карпош 3 многу притиснаа. Тој притисок навистина влиаеше, и со тоа го намали ја водството на 4:3. Во последните 5 минути од крајот на натпреварот како да се случи чудо. Чебо и Антон постигнаа уште по еден гол и со тоа Индијанско Маало водеше со 6:3, а на самиот крај Карпош 3 постигнаа почесен гол, за конечен резултат од 6:4.
Инетересно беше да се проследи и славата на Индијаците:

Sunday, May 22, 2011
ФИНАЛЕ: Карпош 3 - Индијанско Маало
‘‘Индијанците‘‘ денес во 14:00 часот со победата од 8:3 над ‘‘Кучкар‘‘ се пласираа во финале, додека Карпош 3 го добија службено натправарот со Влае.
Дербито на двата ривали беше интересно за следење. Во 10-та минута Димитар Тодоровски постигна гол за водство на Кучкар. Пет минути подоцна Давид Урбан постигна гол за дупло водство на Кучкар од 2:0. ‘‘Индијанците‘‘ изедначија на 2:2 за само 4 минути. Една минута пред крајот на првото полувреме Давид Урбан постигна уште еден гол за водство на ‘‘Кучињата‘‘ од 3:2. Во второто полувреме доминираа ‘‘Индијаците‘‘. Иван Костевски постигна 3 гола, Филип Стојкович 2 и Андреј Ивановски 1 во второто полувреме. Краен резултат беше 8:3 за Индијанско Маало. Филип Стојкович беше избрана за ‘‘играч на натпреварот‘‘.
Индијанско Маало ќе се бори за прво место во финалето со Карпош 3.

Saturday, May 14, 2011
Индијанско Маало го дочека поразот
Денес во 12:30 часот се одигра натпревар помеѓу Индијанско Маало и Карпош 3, кој заврши 12:5 за Карпош 3. Со овој натпревар се завршија натпреварите во група А.
Индијанците ќе продолжат со играње во полу-финалето. Во полу-финалето ќе се играат 2 дерби натпревари: Индијанско Маало - Кучкар и Влае - Карпош 3.
Иако Индијанците изгубија против К3, се тешат со тоа што стигнаа до полу-финалето.

Friday, May 13, 2011
ОФИЦИЈАЛНО: Филип Стојкович е нов играч на Индијанско Маало
Сабајлето на 13-ти Мај, во 12:00 часот, Филип официлно потпиша за Индијанско Маало.
Филип веќе долго време беше викан од страна на Индијанците но денеска тој официално им се придружи. Тој утре ќе го стартува натпреварот против Карпош 3.
Филип го зема бројот 27.
‘‘Долго време бев викан од неколку клубови. Први започнаа Индијанско Маало уште во почетокот на првата половина на сезоната. Мило ми е што ќе играм за моето маало и ќе бидам еден од ‘‘Индијанците‘‘ - изјави Филип.

Saturday, May 7, 2011
Одличен почеток на КУП 2!
Денеска во 13:45 часот беше одигран натпревар помеѓу Индијанско Маало и Дебар Маало, кој заврши со резултат 10:3 за Индијанците.
 
Одлучна игра покажа играчот кој дојде од Кучкар на полу-сезона, Кирил Чеботарев, кој постигна 3  гола. Павел Караџов исто така се истакна на овој натревар со 3 погодоци. 
Се виде фантастичната четворка на Индијанско Маало: Иван Костевски, Кирил Чеботарев, Хари Зографски и Павел Караџов. 
Индијанците си загарантираа 3 бода во групните фази и многу веројатен пласман во полу-финалето.
Subscribe to:
Comments (Atom)