Saturday, June 4, 2011

Победничката серија продолжува !

Индијанците денес во 14:15 часот ја направија својата 4 победа по ред. Се одигра еден прекрасен пријателски натпревар помеѓу Индијанско Маало и Капиштец.
Првиот гол падна во уште во 3-та минута. Стрелец беше Кирил Чеботарев, откако од корнер ја смести топката во мрежата на противничкиот голман. Вториот гол падна во 15-та минута. Повторно стрелец беше Кирил Чеботарев, а асистент Иван Костевски. На полувреме резултатот остана ваков, 2:0 за Индијанците. Во второто полувреме проследивме 5 погодоци. Второто полуврме беше по интересно за следење од првото. Пет мунути по почетокот на второто полувреме падна еден атрактивен гол. Голот го постигнаа Капиштец и го намалија резултатот на 2:1. На само 4 минути подоцна беше досуден пенал откако Павел Караџов ненамерно ја удри топката со рака. Пеналот беше реализиран и резултатот беше изедначен. Се губеше веќе концентрацијата кај Индијанците, и нервозата беше се поголема. 4 минути по изедначувањето, Лука Кантарџиев постигна гол за повторно водство на Индијанско Маало. И на 2 минути по тој гол, истиот играч успеа да ја протне топката во противничкиот гол. Натпреварот од тогаш веќе беше решен. На само 6 минути до крајот Индијанците водеа со 2 разлика. Но на 2 минути пред крајот Лука Кантарџиев стави навистина точка на натпреаврот со еден прекрасен гол со глава на работ од шеснаесетникот по асистенцијата на Павел Караџов. Конечен резултат беше 5:2 за Индијанско Маало и со тоа Индијанците ја продолжија својата победничка серија.

No comments:

Post a Comment