Натпреварот започна напнато, со многу напади, шутеви, но од сето тоа немаше никаква реализација. Се до 13-та мунута кога Алек им донесе водство на Карпош 3. Индијанците не се предадоа и продолжија силно понатаму. Во 17-та минута Индијаците конечно постигнаа гол за изедначување. Стрелец беше Антон. 2 минути подоцна Филип Стојкович направи пресврт со ЕВРОГОЛ. Но, Карпош 3 не се предадоа и изедначија на 1 минута пред самото полувреме.
Второто полувреме започна исто како и првото. Со многу шанси, но без реализација. Во 34-та минута Антон повторно постигна гол за водство на Индијаците. И неколку минути подоцна Чебо го запечати својот прв гол. Наредните 5 минути Карпош 3 многу притиснаа. Тој притисок навистина влиаеше, и со тоа го намали ја водството на 4:3. Во последните 5 минути од крајот на натпреварот како да се случи чудо. Чебо и Антон постигнаа уште по еден гол и со тоа Индијанско Маало водеше со 6:3, а на самиот крај Карпош 3 постигнаа почесен гол, за конечен резултат од 6:4.
Инетересно беше да се проследи и славата на Индијаците:


No comments:
Post a Comment