‘‘Индијанците‘‘ денес во 14:00 часот со победата од 8:3 над ‘‘Кучкар‘‘ се пласираа во финале, додека Карпош 3 го добија службено натправарот со Влае.
Дербито на двата ривали беше интересно за следење. Во 10-та минута Димитар Тодоровски постигна гол за водство на Кучкар. Пет минути подоцна Давид Урбан постигна гол за дупло водство на Кучкар од 2:0. ‘‘Индијанците‘‘ изедначија на 2:2 за само 4 минути. Една минута пред крајот на првото полувреме Давид Урбан постигна уште еден гол за водство на ‘‘Кучињата‘‘ од 3:2. Во второто полувреме доминираа ‘‘Индијаците‘‘. Иван Костевски постигна 3 гола, Филип Стојкович 2 и Андреј Ивановски 1 во второто полувреме. Краен резултат беше 8:3 за Индијанско Маало. Филип Стојкович беше избрана за ‘‘играч на натпреварот‘‘.
Индијанско Маало ќе се бори за прво место во финалето со Карпош 3.
No comments:
Post a Comment