Saturday, May 7, 2011

Одличен почеток на КУП 2!

Денеска во 13:45 часот беше одигран натпревар помеѓу Индијанско Маало и Дебар Маало, кој заврши со резултат 10:3 за Индијанците.

Одлучна игра покажа играчот кој дојде од Кучкар на полу-сезона, Кирил Чеботарев, кој постигна 3  гола. Павел Караџов исто така се истакна на овој натревар со 3 погодоци. 

Се виде фантастичната четворка на Индијанско Маало: Иван Костевски, Кирил Чеботарев, Хари Зографски и Павел Караџов. 

Индијанците си загарантираа 3 бода во групните фази и многу веројатен пласман во полу-финалето.

 

No comments:

Post a Comment