Friday, May 6, 2011

КУП 2 започнува!

Од утре (Сабота) КУП 2 ќе започне со натпреварите Индијанско Маало - Дебар Маало и Влае - Кучкар (во 13:45 и 15:00 часот).

Индијанците утрешниот натпревар ќе го започнат со формација 2-1-2. Лука Кантарџиев е повреден и нема да присутен во тимот на Индијанско Маало. Добра вест за Индијанско Маало е тоа што Лазар Христов се враќа по повреда. Тој ќе го започне натпреварот на клупа и се очекува да влезе во второто полувреме.

‘‘Мојата повреда нема да ни одземе бод во КУП 2‘‘ - изјави Лука.

Еве ја формацијата со која ќе настапат утре Индијаците:

Голман: Хари Зографски
Одбрана: Иван Костевски, Лорен Смерилли
Средина: Павел Караџов
Напад: Кирил Чеботарев, Антон Цветковски

Измена: Леон Радоњанин, Лазар Христов, Јане Вељановски

Нема да играат: Дарко Костовски, Лука Кантарџиев (повреден), Стефан Наумовски, Муамер Вишко, Никола Вучечевиќ, Андреј Ивановски, Марко Арсовски...

No comments:

Post a Comment